Yunus Kaymaz
24 Ноември 2021•Ажурирај: 25 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ
Синоќа се одиграа натпреварите од 5. коло во четири групи во Лигата на шампиони на УЕФА, известува Агенција Анадолија (АА).
Во 5. коло на најпрестижната клупска фудбалска организација на Европа се одиграа осум натпревари во групите Е, Ф, Г и Х.
Во групата Е се одиграа средбите Динамо Киев - Баерн Минхен и Барселона - Бенфика. Динамо Киев на домашен терен загуби со 1:2 од Баерн Минхен, а Барселона како домаќин одигра без погодоци, 0:0 против Бенфика. Јусуф Демир, Австриецот со турско потекло, на возраст од 18 години и 174 дена, стана вториот најмлад странец по Меси, кој настапил во редовите на Барселона меѓу првите 11 во натпревар од Лигата на шампиони.
Во групата Ф се сретнаа Виљареал - Манчестер Јунајтед и Јанг Бојс - Аталанта. Манчестер Јунајтед извојува победа од 0:2 над Виљареал, а погодоците за Манчестер ги постигнаа Кристијано Роналдо и Џејдон Санчо. Роналдо успеа да постигне погодок на сите досегашни пет натпревари од групната фаза во УЕФА Лигата на шампиони.
Во групата Г се одиграа дуелите Севиља - Волфсбург и Лил - Салцбург. Севиља на домашен терен го совлада Волфсбург со резултат 2:0, а Лил како домаќин извојува победа со минимални 1:0 над Салцбург.
Во групата Х се одиграа натпреварите Челси - Јувентус и Малме - Зенит. Актуелниот шампион, екипата на Челси, на Стадионот „Стемфорд Бриџ“ како домаќин го совлада Јувентус со 4:0. Головите за Челси ги постигнаа Трево Чалоба, Рис Џејмс, Калум Хадсон-Одои и Тимо Вернер.
Екипата на Малме која имаше предност од 1:0 уште од 28. минута, одигра нерешено против Зенит по голот примен во судиското продолжение 90+2 со удар од белата точка. И претходно во 53. минута од средбата беше досуден пенал за Зенит, но Артем Џуба не успеа да го реализира ударот од белата точка.
- Резултати
Група Е
Барселона - Бенфика 0:0
Динамо Киев - Баерн Минхен 1:2
Група Ф
Јанг Бојс - Аталанта 3:3
Виљареал - Манчестер Јунајтед 0:2
Група Г
Лил - Салцбург 1:0
Севиља - Волфсбург 2:0
Група Х
Челси - Јувентус 4:0
Малме - Зенит 1:1