Vesna Besiç
23 Февруари 2019•Ажурирај: 25 Февруари 2019
МОСКВА (AA) - Во паркот Соколник во Москва, главниот град на Русија, одржан е традиционалниот фестивал на снег, познат како „Battle Sani“, јавува Anadolu Agency (AA).
Стотици деца, но и возрасни Руси, учествуваа на фестивалот кој секоја година се одржува во февруари во Москва.
Учесниците на фестивалот, кои носеа необична и шарена облека, со вреќички за скијање се спуштаа низ патеката во московскиот парк.
Многумина од нив на главите носеа маски и необични капи за со оригинален настап да го збогатат овој настан. Инаку, ова е 7. по ред фестивал кој се одржува во руската престолнина.