Ekipa
30 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
ЗАМБОАНГА СИТИ (АА) - Најмалку седум лица, меѓу кои и градоначалникот Oзамис беа убиени во полициската акција што се случи рано утринава во филипинскиот град, јавува Anadolu Agency (AA).
Филипинската полиција утринава упадна на приватниот имот, и притоа се соочи со оружен напад на кој одговори. Оружениот конфликт се случи на имотот на семејството Пароиног.
Локалните медиуми објавија дека во конфликтот загинале седум лица, вклучително и градоначалникот Рејналдо Пароиног, неговата сопруга, еден регионален претставник и новинар.
Началникот на полицијата, Tимотео Паклеб, изјави дека полициската операција е извршена во рамките на борбата против трговијата со дрога и оружје.
Полицијата ја уапси и заменик-градоначалничката Пароиног-Ечавез и нејзиниот полубрат, и двајцата деца на убиениот градоначалник.
Семејство Пароиног е едно од филипинските семејства кое филипинскиот претседател Родриго Дутерте го стави на листата на оние кои ја поддржуваат трговијата со дрога и криминалот. Семејството ги негираше обвиненијата, но за време на акцијата на нивниот имот беше запленето поголемо количество дрога и нелегално оружје.