Atila Altuntaş
21 Јуни 2022•Ажурирај: 22 Јуни 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Финскиот претседател Саули Ниинисто изјави дека не верува дека ќе постигне договор со Туркије пред самитот на НАТО следната недела во Шпанија и не мисли дека неговата земја ќе се приклучи на НАТО пред септември, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава за финската државна телевизија YLE, Ниинисто се осврна на текот на односите со Туркије околу членството во НАТО.
Ниинисто истакна дека Туркије не направила чекор назад во своите барања.
„Сепак, постигнат е напредок во преговорите и преговорите продолжуваат. Не верувам дека ќе постигнеме договор со Туркије на самитот на НАТО што ќе се одржи во Шпанија. Не мислам дека ќе влеземе во НАТО пред септември“, рече тој.
Од друга страна, шведската министерка за надворешни работи, Ен Линд, исто така, ги пофали разговорите за НАТО меѓу Туркије и Шведска одржани вчера во Брисел, главниот град на Белгија, во изјава за официјалната новинска агенција на нејзината земја ТТ.
Наведувајќи дека разговорите биле конструктивни, Линд рече: „Дојде до конструктивни разговори, а најважно е дека разговорите ќе продолжат.“
Линд додаде дека се подготвени овие преговори да траат долго.