Gözde Bayar
05 Октомври 2021•Ажурирај: 06 Октомври 2021
ПАРИЗ
Независната комисија денес соопшти дека во католичката црква во Франција, 216.000 деца биле жртви на сексуално злоставување во период од 1950 до 2020 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
За време на прес-конференцијата, Француската независна комисија за сексуална злоупотреба во црквата (CIASE) соопшти дека од 2.900 до 3.200 свештеници и други членови на црквата ги злоупотребувале парохијаните, а потоа тоа било прикриено од црковните водачи.
Комисијата беше формирана во 2018 година од Бискупската конференција на Франција и конференцијата на националните собранија, со цел да се разгледа ова прашање.
Поранешниот шеф на CIASE, Жан-Марк Сов, вели дека бројката од 216.000 жртви на сексуално насилство претставува минимална проценка.
По двегодишна истрага е составен извештајот од 2.500 страници, во кои детално е прикажаната злоупотребата во изминатите 70 години.
Во извештајот се дискутираат и механизмите што дозволиле продолжување на злоупотребата и можните средства како да се спречи тоа.
Во септември, папата Франциско го покрена прашањето за сексуална злоупотреба со француските бискупи за време на состанокот во Ватикан. Сега се очекува ова прашање дополнително да го проучат Ватикан и високите членови на свештенството.