Ekip
30 Март 2019•Ажурирај: 01 Април 2019
ПАРИЗ (АА) - Демонстрантите на движењето „Жолти елеци" и покрај бројните забрани излегоа и оваа сабота на улиците на француските градови за да дадат поддршка на повредената активистка и покажаа дека и понатаму се мобилизирани против економската политика на Владата на претседателот Емануел Макрон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иако ги попречуваат забраните на протестите во многу градови „Жолтите елеци" во сабота излегоа на улиците. Оваа сабота повторно маршираат во Париз, Бордо и во другите градови за да продолжат да вршат притисок на претседателот Макрон да направи повеќе и да помогне на работничката класа и да ја промени француската политика или потполно да се повлече.
Исто така „Жолтите елеци" денес покажуваат солидарност со 73-годишна Женевиев Леге, активистка против глобализацијата, која минатиот викенд претрпе повреда на главата во јужниот град Ница.
Обвинителството во Ница објави дека ја турнал полицаец.
Во Париз илјадници „жолти елеци" почнаа да маршираат од железничка станица Гар де Лест до Ајфеловата кула. Во главниот француски град владеат големи безбедносни мерки. Поради нередите минатиот викенд забранетите протести во авенијата Шанзелизе.
Движењето „Жолти елеци" се противи на зголемувањето на цените на горивата, а подоцна незадоволството се прошири и на економската политика на Макрон.