Merve Berker
24 Март 2021•Ажурирај: 24 Март 2021
ПАРИЗ (АА) - Во југозападна Франција приведени се најмалку 10 осомничени терористи на ЈПГ/ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Француските медиуми, повикувајќи се на судски извори, објавија дека на барање на парискиот судија за антитероризам спроведена е операција против ПКК.
Осомничените, меѓу кои и една жена, се приведени во рамките на истрагата отворена под обвиненијата за создавање и финансирање терористичка организација.
Полициските тимови за време на операцијата извршиле рации на неколку адреси истовремено.
На 21 февруари 2020 година предмет на истрага беа четири лица во југозападна Франција поради финансирање на терористичката организација ПКК.
Не е познато дали постои поврзаност помеѓу истрагата започната минатата година и оваа операција спроведена од полицијата.
Не е дадено официјално соопштение во врска со операцијата.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.