Abdullah Aşıran
06 Ноември 2023•Ажурирај: 07 Ноември 2023
РОТЕРДАМ (АА) - Во холандскиот град Кулемборг е извршен напад врз џамијата „Имам-и Азам“ при Фондацијата Дијанет (ХДВ), јавува Анадолу.
Селчук Демирџи, секретар во Управниот одбор на вакафот на џамијата „Имам-и Азам“, во изјавата за Анадолу нагласи дека едно лице извршило напад врз оваа џамија во Кулемборг.
Тој информира дека по нападот ги прегледале безбедносните камери во џамијата и додаде: „Напаѓачот влегол во дворот во саботата во 02:00 часот. Видовме дека ова лице со неидентификуван предмет скршило 10 прозорци на џамијата.“
Демирџи рече дека сѐ уште не е познат мотивот за овој напад, но дека сметаат оти е можно нападот да е поврзан со случувањата на Блискиот Исток.
Тој истакна дека го осудуваат овој напад и дека се во контакт со властите за зголемување на безбедносните мерки.
„Ние сакаме мирно да живееме во овој град и да ги извршуваме нашите обреди. Немаме проблем со никого и со ниту една верска заедница. Ние не вршиме дискриминација на никого“, додаде тој.
Демирџи рече дека снимките од безбедносните камери ги споделиле со полицијата, при што идентитетот на напаѓачот бил откриен и потоа бил приведен од страна на полицијата.