Ekipa
06 Ноември 2023•Ажурирај: 07 Ноември 2023
ГАЗА (АА) - Палестинската група Хамас денес објави дека убила неколку израелски војници и уништила голем број тенкови во судирите во Појасот Газа, јавува Анадолу.
Военото крило на групата, Бригадите Ал-Касам, соопшти дека нивните борци учествувале во жестоки судири со израелските сили, за време на кои неколку војници биле убиени.
Палестинската група соопшти дека уништила три израелски тенка со противоклопни гранати во Беит Ханун во северниот дел на Појасот Газа, два во Тел ал-Хава јужно од градот Газа и уште еден северозападно од градот Газа.
Засега нема коментар од израелската Армија за тврдењата на Хамас.
Според локалната ТВ-станица Ал Акса, Хамас, во судирите во Појасот Газа вчера, уништил 12 израелски воени возила, вклучително и тенкови.
Израел започна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Во конфликтот загинаа над 11.300 луѓе, меѓу кои најмалку 9.770 Палестинци и речиси 1.600 Израелци.
Покрај големиот број жртви и масовните раселувања, основните резерви за 2,3 милиони жители на Газа поради израелската опсада се при крај.