İdris Okuducu,Hemn Baban
22 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
КИРКУК (АА) - Членовите на терористичката организација ДЕАШ во ирачкиот град Киркук под контрола ги држат хотелите и јавните институции од кои снајперисти пукаат врз припадниците на силите за безбедност и цивилите, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносните сили ги ослободуваат зградите и делови од Киркук, но сепак се уште има такви кои се окупирани од страна на членовите на ДЕАШ.
Еден од ослободените Хотели е Џихад кој два дена беше под контрола на ДЕАШ. Хотелот се наоѓа во центарот на Киркук, а екипата на АА успеа да ја сними состојбата на хотелот веднаш по ослободувањето.
ДЕАШ го корисеше како база, а надворешните и внатрешните ѕидови се полни со траги од куршуми како докази од жестоките битки кои се воделе во овој дел од ирачкиот град.
Хотелот со три ката во моментот е уништен, а избувна и пожар во некои соби. Во тек се борбите во и околу хотелот Меџудије кој се наоѓа во центарот на градот.