Ahmet Gürhan Kartal
07 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
ЛОНДОН (АА) - Властите на Република Чешка го признаа Ерусалим како главен град на Израел, но воедно го признаа и како главен град на идната палестинска држава, јавува Anadolu Agency (AA).
„Република Чешка и пред да се постигне мировен договор меѓу Израел и Палестина го признава Ерусалим како главен град на Израел во границите од 1967 година“, соопшти Министерството за внатрешни работи на таа земја.
Иако во соопштението се наведува дека Чешка го признава Ерусалим и како главен град на идната палестинска држава, тој став на официјална Прага е контрадикторен на ставот на официјалните институции на ЕУ.
Потегот на чешките власти следуваше по контроверзната одлука на САД да го признаат Ерусалим како главен град на Израел.
Европската Унија претходно изрази загриженост дека таквиот потег на Вашингтон би можел да ги загрози мировните процеси на Блискиот Исток.