Шведска: во тек е воената вежба „Аурора 23“, најголема на територијата на земјата од 1989 година
- Во вежбата „Аурора 23“ учествуваат војници од Шведска, Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Финска, Полска, Норвешка, Естонија, Латвија, Литванија, Украина, Данска, Австрија, Германија и Франција.Atila Altuntaş
18 Април 2023•Ажурирај: 19 Април 2023
СТОКХОЛМ (АА) - Во Шведска се одржува одбранбената вежба „Аурора 23“, со учество на повеќе од 26.000 војници, пренесува Анадолу.
Во вежбата „Аурора 23“ учествуваат војници од Шведска, Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Финска, Полска, Норвешка, Естонија, Латвија, Литванија, Украина, Данска, Австрија, Германија и Франција, објави шведското државно радио „СР“.
„Да се зголеми заедничкиот оперативен капацитет на војската против можен напад врз Шведска и да се придонесе за стабилноста на регионот“, изјави шведскиот бригаден генерал Стефан Андерсон, кој ја предводи вежбата „Аурора 23“.
Наведувајќи дека во вежбата ќе бидат тестирани и мерките што се преземаат против кибернападите, Андерсон посочи дека „Аурора 23“ е најголемата воена вежба спроведена на шведска територија од 1989 година.
Тој додаде дека вежбата ќе биде завршена на 11 мај.