Servet Günerigök
17 Март 2022•Ажурирај: 18 Март 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Шест држави побараа состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) за ситуацијата во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Состанокот го побараа Велика Британија, Албанија, Франција, Ирска, Норвешка и Соединетите Американски Држави.
„Русија врши воени злосторства и таргетира цивили. Нелегитимната војна на Русија врз Украина е закана за сите нас“, објави преку Твитер Постојаната мисија на Велика Британија во Обединетите нации.
Барањето дојде откако руската војна против Украина влезе во својата трета недела.
Руско-украинската војна, која започна на 24 февруари, наиде на меѓународна осуда, доведе до финансиски ограничувања кон Москва и поттикна бран на заминување на странски фирми од Русија.
Според податоците на ОН, од почетокот на војната во Украина животот го изгубиле најмалку 726 цивили, а 1.174 се повредени. Од ОН велат дека поради состојбата на теренот не може точно да се верификува вистинската бројка.
Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека досега над 3 милиони луѓе ја напуштиле Украина и пребегале во соседните земји.