Ruslan Rehimov
17 Март 2022•Ажурирај: 18 Март 2022
КИЕВ (АА) – Руската војска во текот на ноќта изврши напади врз цивилни објекти во украинските градови Киев, Чернихив, Харков, Мариупол..., јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на украинските локални администратори и државните институции, руската војска продолжила со нападите со авиони и проектили, гаѓајќи цивилни објекти во земјата.
Гувернерот на Чернихив, Вјачеслав Чауш, рече дека Русите континуирано го бомбардираат градот.
Според неговите зборови, руските сили продолжиле со нападите на цивилната инфраструктура и дека во последните 24 часа загинале 53 цивили.
Во главниот град Киев најмалку едно лице загина, а три се повредени во ракетен напад врз станбена зграда.
Украинската служба за вонредни состојби наведе дека ракета погодила зграда во Киев, при што е причинета голема материјална штета. Евакуирани се околу 30 луѓе.
Проектил погоди и образовна установа во населбата Мерефа во градот Харков. Нема жртви, а во зградата избувна пожар.
Сергеј Орлов, заменик-гувернер на Мариупол, рече дека околу 90 отсто од станбените објекти биле цел на напади.
Наведе дека објектите се или целосно уништени или оштетени.