Gökhan Çeliker
10 Јули 2023•Ажурирај: 11 Јули 2023
АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, разговараше денес за низа теми со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува Анадолу.
Министерството за надворешни работи на Туркије соопшти дека шефовите на турската и американската дипломатија, Фидан и Блинкен, имале телефонски разговор за Самитот на лидерите на НАТО, што во следните два дена ќе се одржи во Вилнус, главниот град на Литванија.
Во соопштението се наведува дека Фидан и Блинкен разговарале и за проширување на НАТО.