Burak Bir
17 Ноември 2022•Ажурирај: 18 Ноември 2022
АНКАРА (АА) – Висок претставник на британското разузнавање изјави дека европските земји оваа година протерале стотици руски службеници за кои се верува дека се шпиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Оваа година, во рамките на една кампања, голем број руски функционери беа протерани од земјите низ светот, над 600 од Европа – од кои за повеќе од 400 проценивме дека се шпиони“, истакна директорот на британската разузнавачка служба МИ5, Кен МекКалум.
МекКалум рече дека ова е „најзначајниот стратешки удар“ против руските разузнавачки служби во поновата европска историја, покрај координираните бранови на санкции.
„Продолживме да работиме интензивно за да ја направиме Велика Британија најтешката можна средина за оперирање на руските тајни акции“, рече тој.
МекКалум нагласи дека Британија, исто така одбила 100 апликации за дипломатски визи заради национална безбедност.
„Велика Британија мора да биде подготвена за руска агресија во наредните години“, додаде тој.