Nazir Aliyev Tayfur
17 Ноември 2022•Ажурирај: 18 Ноември 2022
КИЕВ (АА) - Руските сили извршија воздушни напади во Днепар, Одеса и Киев во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Днепропетровск, Валентин Резниченко, преку социјалните мрежи соопшти дека во рамки на бомбардирањата кои продолжиле во текот на денот, во градот Днепар повредени се 14 лица, меѓу кои и 15-годишно девојче.
Резниченко нагласи дека една од бомбите во нападот паднала во индустриски објект, а другата во зграда.
Тој соопшти дека нападите сѐ уште продолжуваат и упати апел до граѓаните да останат на безбедни места.
Меѓу другото, гувернерот на Одеса, Максим Марченко, нагласи дека се извршени напади врз инфраструктурата во подрачјето.
Тој рече дека постои опасност од продолжување на нападите, а од граѓаните побара да останат во засолништата.
Во соопштението на Кабинетот на гувернерот на Киев се наведува дека противвоздушната одбрана срушила 4 ракети и 5 дрона „Шахед“ над Киев.