Barış Seçkin
30 Ноември 2022•Ажурирај: 01 Декември 2022
РИМ (АА) - Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, истакна дека на Западен Балкан постои потреба од поголемо присуство на Европа и додаде дека тоа е новата стратегија на неговата земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тајани учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Букурешт, Романија.
„На просторот на Западен Балкан имаме потреба од поголемо присуство на Европа. Ова е стратегија на Италија. Тоа е витално за стабилноста, зачувување на мирот и борбата против илегалната миграција“, рече Тајани во своето обраќање.
Тој рече дека НАТО треба да ги заштити сите земји од Западниот Балкан и соседите на Украина.
„Сега е важно да работиме заедно. Бидејќи, најважното нешто е единството. Тоа е отворена порака до Русија дека сме подготвени да ги заштитиме овие земји“, нагласи Тајани.