Tuğba Altun
13 Мај 2024•Ажурирај: 14 Мај 2024
АНКАРА (АА) - Шефот на турската разузнавачка служба (МИТ), Ибрахим Калин, вчера се состана со Исмаил Ханије, шеф на Политичкото биро на палестинското движење Хамас и неговата делегација во Доха, главниот град на Катар, известува Анадолу.
Безбедносни извори соопштија дека во текот на состанокот Исмаил Ханије изразил задоволство од напорите на Туркије во преговарачкиот процес со Израел.
Во разговорот станало збор за моментната состојба на преговорите, тековните напори за постигнувањето прекин на огнот во Појасот Газа, одговорноста на Израел по тоа прашање и овозможувањето испорака на хуманитарна помош.