Erbil Başay
24 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
БЕРЛИН
Германскиот канцелар Олаф Шолц истакна дека воената интервенција на Русија во Украина не може да биде оправдана на кој било начин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот Шолц на својот профил на Твитер напиша: „Рускиот напад врз Украина е јасно кршење на меѓународното право. Тоа не може да се оправда на кој било начин.“
Наведувајќи дека Германија остро го осудува овој „груб чин“ на рускиот претседател Владимир Путин, Шолц рече дека се солидарни со луѓето во Украина.
Повикувајќи ја Русија веднаш да ја прекине својата воена акција, Шолц додаде: „Ќе бидеме во тесна координација во рамките на Г7, Европската Унија и НАТО. Ова е ужасен ден за Украина и црн ден за Европа.“