Şenhan Bolelli
22 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
МАДРИД (АА) - Најмалку 589 илегални мигранти стигнале во текот на викендот на Канарските Острови, на југозападот на Шпанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Црвениот крст наведено е дека на 20 и 21 ноември со гумени чамци во осум групи на Канарските Острови стигнале 589 илегални мигранти.
Се вели дека илегалните мигранти, кои тргнале од брегот на Северна Африка и стигнале во Шпанија, ги спасила Крајбрежната стража.
Според соопштеното, меѓу нив се и стотина жени и деца, а околу 30 лица се хоспитализирани.
Оваа година забележен е голем пораст на бројот на нелегалните мигранти од Северна Африка на Канарски Острови, а се наведува дека во последните 11 месеци стигнале повеќе од 18.000 мигранти.