Ekipa
22 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
КУДС (АА) - Четворица Палестинци беа повредени откако израелската полиција упадна во домот на гувернерот на Кудс (Ерусалим), Аднан Гаит, во окупираниот Источен Кудс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Палестинска црвена полумесечина се наведува дека четири лица биле повредени откако биле претепани од полицијата во Силван, населба во Кудс (Ерусалим).
„На повредените им била укажана помош од медицински лица на самото место“, се додава во соопштението.
Според репортерот на АА, израелската полиција упаднала во домот на гувернерот, но не спровела апсења.
Нема коментар од израелската полиција во врска со ова.
Од Канцеларијата на гувернерот соопштија дека израелската полиција упаднала во куќата и го нападнала неговото семејство.
„Гувернерот има повреда на раката“, се додава во соопштението.
Гувернерот е неколку пати претходно приведуван од страна на израелските сили.