Alyssa Mcmurtry
03 Април 2023•Ажурирај: 06 Април 2023
ОВИЕДО (АА) - Двајца рибари загинаа, а еден се води како исчезнат откако брод потона кај северниот брег на Шпанија, соопштија локалните власти, пренесува Анадолу.
„Уште еднаш, нова катастрофа на море“, нагласи Мигел Ревила, претседателот на регионот Кантабрија.
Според соопштемото, на бродот што потона на 9,6 километри од брегот во градот Сантандер, имаше десет членови на екипажот.
Седуммина се спасени, од кои еден се лекува со тешки повреди, пишува локалниот дневен весник „Ел Диарио Монтањез“.
Се вели дека еден од загинатите е по потекло од Гана, додека другиот е од градот Сантандер.
Во неделата, Крајбрежната стража го пронашла и безживотното тело на морнар кој паднал од контејнерски брод на 37 километри од брегот на Астурија во северна Шпанија.