Şenhan Bolelli
07 Септември 2022•Ажурирај: 09 Септември 2022
МАДРИД (АА) - Државното обвинителство на Шпанија, истакнувајќи дека има сериозен пораст на злосторствата од омраза, наведе дека политичарите се предупредени дека „радикалната реторика ги зголемува злосторствата од омраза и насилство“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот на Јавното правобранителство се нагласува дека во 2021 година се спроведени вкупно 1.824 гонења за кривични дела од омраза, што е зголемување за 27 отсто во однос на минатата година. Исто така, во соопштението се додава дека има зголемување за 44 отсто само на поднесените обвиненија од страна на Обвинителството.
„Расизмот и ксенофобијата остануваат главни причини за злосторствата од омраза. Ова се податоци за кои треба да се размисли длабоко. Со оглед на порастот на политичката поларизација и идеолошката радикализација, важно е политичарите да ја ублажат својата реторика, а граѓаните да ги почитуваат спротивставените ставови“, се вели во извештајот на Обвинителството на Шпанија.
Се посочува дека 34,8 отсто од злосторствата од омраза извршени во земјата се поврзани со расизам.
Главното обвинителство побара да не се омаловажува говорот на омраза, да се преземат неопходни мерки и да се даде остар одговор со казнување на злосторствата од омраза.