Ekipa
26 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
МАДРИД (АА) - Малку повеќе од шест месеци од последните избори во Шпанија, над 35 милиони Шпанци денес повторно гласаат на нови парламентарни избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Последните избори се одржаа на 20-ти декември 2015 година на кои двете нови партии, левичарската Подемос и централистичката Сиудаданос, одзедоа значителен број пратенички места од двете традиционални партии, кои беа вглибени во корупциски скандали. Бипартискиот систем, за првпат во шпанската демократија, станува застарен.
Според последните анкети, размислувањето на гласачите во голема мера се нема променето, што укажува дека на гласањето ќе даде сличен дисфункционелен состав на власта.
Резултатите од последните избори беа исклучително поделени. Народната партија на Мариано Рахој победи но не доби мнозинство во Парламентот, со мала разлика следена од Социјалистичката партија, Подемос и Суидаданос. Со цел да може да владее беше потребно коалицирање, но сите напори за тоа пропаднаа, истече крајниот рок а кралот Фелипе повика на нови избори.
Најголемата промена од декември е порастот на левичарската партија Подемос, која е против мерките за штедење. Откога се спои со помали крајно-левичарски партии и стана Унидос Подемос, ја престигна традиционалната левичарска Социјалистичка партија и дојде на предвиденото второ место.
Но, изненадувачките вести поради Брексит не беа земени во предвид во анкетите. Иако, Брексит не беше во изборната кампања бидејќи ниедна од четирите партии не е евроскептична а сите лидери се обединети во искажувањето на своето разочарување со заминувањето на Велика Британија од ЕУ.
„Тешко е да се каже но можно е гласачите да гравитираат кон постабилни размислувања во случај на Брексит”, изјави за АА истражувач од истражувачкиот институт Ел Кано.
Социјалистите се обидоа да ги добијат скапоцените за нив гласови во последна минута со поврзувањето на Брексит со „популизмот” - термин којшто често се користи за карактеризирање на Подемос и на „неодговорното десничарско крило”.