Ekipa
31 Март 2025•Ажурирај: 01 Април 2025
БРИСЕЛ (АА) - Штрајкот на работниците низ Белгија денес предизвика прекини на транспортот низ земјата, кои протестираа против владините мерки за штедење и кратењето на социјалната помош, јавува Анадолу.
Штрајкот предизвика откажувањe на летови, возови, автобуси и метро услуги низ целата земја.
Минатата недела, белгиската државна железничка компанија НМБС започна еднонеделен штрајк на железницата, со што се намали фреквенцијата на возови.
„Поради штрајк, помалку возови ќе сообраќаат од недела, 23 март (од 22 часот) до недела, 30 март (последниот воз)“, соопшти НМБС.
Независниот синдикат на железницата МЕТИСП-Протект повика на штрајк поради мерките во коалицискиот договор, и покрај тековните разговори со федералните министри, се додава.
„СНЦБ-НМБС, Инфрабел и ХР Реил сметаат овие чекори за неприфатливи, за неодговорни и непропорционални. Тие жалат за последиците за 900.000 патници кои се превезуваат секој ден“, истакна НМБС.