Aida Cako
09 Јануари 2026•Ажурирај: 13 Јануари 2026
ЧУБУТ (АА) - Пожарите зафатија големи површини во аргентинската патагонска провинција Чубут од почетокот на неделава, предизвикувајќи сериозна еколошка штета и активирање на засилен вонреден одговор на властите, јавува Анадолу.
Во соопштението објавено на 7 јануари аргентинското Министерство за национална безбедност соопшти дека постојат докази за употреба на забрзувачи на горење, што укажува на можноста пожарите намерно да се подметнати.
Во гаснењето на огнената стихија се вклучени шест противпожарни авиони, кои им помагаат на копнените екипи што се борат да ги стават пожарите под контрола, особено во тешко достапните планински и шумски подрачја.
Според локалните медиуми, досега се изгорени повеќе од 2.000 хектари земјиште.