Cüneyt Karadağ
13 Јули 2022•Ажурирај: 14 Јули 2022
БЕРЛИН (АА) - Историската Бранденбуршка порта и Градското собрание познато како Црвена палата во Берлин, главниот град на Германија, нема да бидат осветлени во ноќните часови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Франциска Гифеј, градоначалничката на општина Берлин, во изјава за германските медиуми рече дека таа е за тоа јавните згради да не се осветлуваат ноќе заради заштеда на енергија.
„Во сегашната ситуација треба да се истражат сите опции за заштеда на енергија. Наш приоритет е заштеда која нема да направи штета“, рече градоначалничката Гифеј.
Истакнувајќи дека за да се заштеди енергија, треба да се искористи секоја можност, Гифеј рече: „Кога бев дете, светлата се гасеа кога немаше никој во собата. Ова е многу едноставно и ништо ново.“
Исто така, и Себастијан Цаја од Слободната демократска партија (FDP) предложи јавните места како што се ТВ-кулата, Бранденбуршката порта или Споменикот на победата да не се осветлуваат по полноќ поради недостиг на енергија, а и поради зголемените цени на енергијата и горивата.