AP
31 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
ТОКИО (АА) - Јапонската полиција пронајде остатоци на девет тела во апартман, во Зама, на периферијата на Токио и уапси 27-годишен маж кој го призна злосторството, пренесува Anadolu Agency (AA).
Телата се пронајдени во ладилник, во апартман на осомничениот Такахир Шираиши кој призна дека ги распарчил.
Истражителите остатоците од телата ги пронајде при потрага за исчезната 23 годишна девојка, изјави неиуменувано полициско официјално лице.
Државната телевизија HNK и останатите јапонски медиуми јавуваат дека се работи за тела на осум жена и еден маж. Се верува дека исчезнатата девојка се наоѓа меѓу нив.
Наводно една од жртвите стапила во контакт со осомниченото лице преку интернет.