Sayed Khodaberdi Sadat
31 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
КАБУЛ (АА) - Во Кабул, главниот град на Авганистан се случи експлозија во подрачјето на Вазир Акбар Хан, каде се наоѓаат дипломатски претставништва. Во експлозијата животот го загубија 3 лица, а 15 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на министерството за здравство, Исмаил Кавуси, за АА изјави дека експлозијата се случила во подрачјето на Вазир Акбар Хан.
Кавуси соопшти дека според првичните информации, експлозијата предизвикала смрт на 3 лица, додека 15 лица се ранети. Тој додаде дека во близина на експлозијата се наоѓаат амбасади на голем број земји.
Затворени се патиштата кои водат кон подрачјето, а на новинарите не им е дозволен пристап до местото на несреќата.
Засега сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.