Ahmet Furkan Mercan
17 Септември 2021•Ажурирај: 17 Септември 2021
ТОКИО (АА) - Вулкан еруптира рано утринава на остров во југозападна Јапонија, што ја натера Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) да го подигне нивото на тревога на 3 од скала до 5, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од ЈМА објавија дека ерупцијата, која се случила во кратерот на планината Отаке на островот Суваносе во префектурата Кагошима, предизвикала парчиња карпи да се откинат од планината и да одлетаат до растојание од еден километар.
Агенцијата, исто така, предупреди за можноста на одлетување големи карпи во воздух во радиус од околу 2 километри од кратерот.
Новинската агенција „Кјодо“, повикувајќи се на локалните власти, соопшти дека нема непосредни информации за евентуални жртви или повредени во околните населби.
Предупредувањето на Јапонската метеоролошка агенција од ниво 3 значи дека луѓето не треба да се доближуваат до вулканот.
Островот Суваносе се наоѓа јужно од големиот јапонски остров Кјушу, и на него живеат помалку од 100 жители.