Tuba Şahin
01 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
АНКАРА
Банката на Јапонија денес започна со воведување нови монети од 500 јени (4,4 долари) во обид да го спречи користењето фалсификувани пари, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ова е прво издавање на монетата по 21 година“, објави јапонската агенција „Кјодо“.
Претходно, јапонското Министерство за финансии соопшти дека планира да издаде 200 милиони нови монети до крајот на фискалната 2021 година.
Моменталните монети од 500 јени остануваат важечки, а новите монети имаат нови спецификации, вклучувајќи нов материјал со двобојна и трослојна структура.