Sena Güler
14 Јануари 2019•Ажурирај: 15 Јануари 2019
ДЕИР ЕЗ ЗОР/АНКАРА (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК со поддршка на коалицијата предводена од САД ја презеде контролата над град на истокот на Сирија од терористите на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори кои зборуваа под услов да останат анонимни изјавија дека ЈПГ/ПКК го зазела градот Шиифа, во покраината Деир ез Зор, каде што минатата недела ги интензивираше своите напади со воздушна поддршка на коалицијата.
ДЕАШ има контрола само над градовите Суса и Багуз во покраината на ирачката граница.
Претходно, ЈПГ/ПКК ги окупираше руралните подрачја на источниот, западниот и северниот дел на Деир ез Зор, со поддршка на САД, западно од реката Еуфрат.
На 11 септември 2018 година, терористичката организација започна напади со воздушна поддршка на САД и копнена поддршка од Франција, за да го исчисти Деир ез Зор целосно од ДЕАШ.
Два дена откако го окупираа центарот на Хаџин, последното упориште на ДЕАШ во покраината, тие исто така го окупираа и центарот на Бухатир на 26 декември 2018 година.
Присуството на ДЕАШ во Деир ез Зор е ограничено само на источните рурални области на Суса и Багуз. Областа западно од реката Еуфрат е под контрола на сириските сили на режимот.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК окупираше речиси една третина од територијата на Сирија.