Ahmet Gürhan Kartal
23 Септември 2019•Ажурирај: 24 Септември 2019
ЛОНДОН (АА) - Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека неговата земја ќе го разгледа придружувањето кон воените напори кои ги предводат Соединетите Американски Држави (САД) за да се заштити Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјава на новинарите за време на патувањето во САД, каде што ќе учествува на денешното заседание на Генералното собрание на ОН, Џонсон изјави дека Обединетото Кралство припишува одговорност со многу висок степен на веројатност кон Иран за нападите врз „Арамко“.
„Одблизу ќе ја следиме таа ситуација“, изјави Џонсон и додаде: „И, јасно, доколку нè прашаат, од Саудијците или Американците, да учествуваме, ќе разгледаме на кој начин би сме биле корисни... во зависност од тоа кој е точно планот“.
Џонсон го повтори ставот на Велика Британија дека ќе соработува со САД и другите партнери за создавање одговор со цел смирување на тензичноста во регионот на Персискиот Залив.
Тој, исто така, додаде дека санкциите кон Иран и понатаму се на маса.
Тензиите во Персискиот Залив се зголемени откако два дрона нападнаа постројки за производство на нафта во северниот дел на Саудиска Арабија на 14 септември.
Првобитно, бунтовничката група на јеменските Хуси ја презеде одговорноста за нападот, но САД и Саудиска Арабија го обвинуваат Иран. Од друга страна, Иран негира каква било вмешаност во овие напади.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, се сретна со саудискиот принц, Мухамед бин Селман, минатата недела за да разговараат за извесен координиран одговор.
„Работиме на тоа да формираме коалиција која ќе состави план кој би ги одвратил. Ова е тоа што мора да се случи. Ова е напад од размери кои претходно не сме ги виделе“, изјави Помпео, опишувајќи го нападот како воен чин.
Командантот на морнарицата на Иран, вицеадмиралот Хусеин Ханзади, истакна дека Иран решително ќе одговори на каков било напад врз неговата земја.
„Во случај на какви било погрешни пресметки и агресија од страна на непријателот, морнарицата на Армијата, заедно со другите вооружени сили на земјата, ќе даде најголема брза реакција во најкус можен рок“, рече Ханзади.