Mehmet Ali Derdiyok,Hüseyin Eroğul
31 Август 2018•Ажурирај: 01 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Српскиот репрезантативец и фудбалер на италијанскиот клуб „Торино“, Адем Љајиќ, допатува денес во Истанбул на повик на челникот на турскиот прволигаш „Бешикташ“, јавува Anadolu Agency (AA).
Љајиќ (27) во Истанбул допатува од Милано, а на аеродромот „Ататурк“ го дочекаа челниците на Бешикташ и група навивачи на „црнобелите“.
Со оглед дека вечерва истекува летниот преоден рок за фудбалерите, Љајиќ, како што јавува новинарот на АА, од аеродромот со челниците од Бешикташ се упатил кон болницата, каде што ќе биде подложен на лекарска контрола.