Selçuk Buğra Gökalp
31 Јули 2021•Ажурирај: 01 Август 2021
АНКАРА (АА) - Американскиот пливач Кејлеб Дресел денес на Олимпијадата во Токио постави нов светски рекорд во категоријата пеперутка на 100 метри за мажи и го освои својот трет златен медал на Олимписките игри во Токио, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трката ја заврши со време од 49,45 секунди, подобрувајќи го сопствениот светски и олимписки рекорд од 49,50 секунди, односно 49,71 секунда.
24-годишниот Дресел го освои својот прв златен медал на Токио 2020 во 4х100 метри слободен стил за мажи на 26 јули.
Три дена потоа освои уште едно злато во дисциплината 100 метри слободно, мажи, со време од 47,02 секунди, соборувајќи го рекордот од 47,05 секунди поставен од Австралиецот Имон Саливен во 2008 година.
Американецот утре ќе настапи и во дисциплината 50 метри слободен стил за мажи.
Дресел, исто така, освои златни медали на Олимписките игри во Рио 2016 година во слободен стил мажи 4x100 метри и во дисциплината мешано 4x100 метри.