Admir Fazlagic
04 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во пресрет на утрешниот пријателски натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Турција, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски заедно со репрезентативецот Илија Несторовски одржа прес конференција на која зборуваше за очекувањата од утрешната средба, јавува Anadolu Agency (AA).
Селекторот Ангеловски рече дека пријателскиот натпревар со Турција претставува добра можност за добра контрола на можностите на македонската фудбалска репрезентација
„Утре имаме еден пријателски натпревар со репрезентацијата на Турција, која располага со огромен број на квалитетни фудбалери и мислам дека ќе имаме можност да направиме една добра контрола на нашите можности. Секако дека сакаме позитивен резултат. За мене секој натпревар е значаен, нели фудбалот се игра за победа. Ние ќе влеземе со максимален респект кон противникот и со цел да победиме“, истакна Ангеловски.
Репрезентативецот Илија Несторовски, инаку најдобриот стрелец на италијанскиот Палермо, рече дека сите фудбалери максимално се подготвувале за овој натпревар иако е од пријателски карактер.
„Ние максимално се подготвуваме за овој натпревар. Иако е пријателски за нас е важен, треба да го дадеме максимумот и секако дека сакаме да ја продолжиме серијата од две победи. Победа против Турција ќе биде добра најава за натпреварот со Шпанија“, изјави Несторовски.
Репрезентацијата на Македонија вечерва ќе го одржи првиот тренинг во комплетен состав, исто како и репрезентацијата на Турција чии што играчи пристигнаа во попладневните часови во Скопје.
Утрешниот пријатлски натпревар Макеоднија - Турција ќе се игра во 19:45 часот на националната арена „Филип Втори" во Скопје.