Alma Çekovic
26 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
ЛОНДОН (АА) - Англискиот премиер-лигаш Тотенхeм направи голем чекор наназад во борбата за титулата „првак” откако синоќа пред своите навивачи со резултат 1:1 ремизираше со Вест Бромвич Албион со што, три кола пред крајот на првенството, заостануваше седум поени на табелата зад лидерот Леичестер.
Инаку, напаѓачот на „Спарси", Хари Кејн, верува дека синоќешниот реми не ги уништи соништата за освојување на лигата, истакнувајќи дека сè уште ништо не е готово.
„Не е готово, мора да продолжиме со борбата. Требаше да победиме во овoј натпревар, така што сме разочарани. Имавме доволно можности во првото полувреме да го решиме резултатот, но не бевме доволно добри во второто. Мислевме дека ќе победиме доколку одиграме како во првото полувреме, но тоа е фудбал. Ни преостана само да се бориме", изјави најдобриот стрелец на Премиер лигата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во наредниот круг, Тотенхем гостува во Челзи, а Леичестер на Олд Трафорд. Напаѓачот на лондонскиот клуб изрази надеж дека Манчестер Јунајтед со добра партија против „Лисиците", „ќе направи услуга" и ќе помогне да се вратат во борбата за титулата „првак”.