Şenhan Bolelli
21 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
МАДРИД
Шпанскиот фудбалски клуб Барселона ги продолжи договорите на Жерар Пике, Марк Тер Штеген, Клеман Ленгле и Френки де Јонг, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на овој клуб, договорот на Пике е продолжен до 30 јуни 2024 година, додека договорот на голманот Тер Штеген до 30 јуни 2025 година.
Се истакнува дека договорите на Ленгле и Де Јонг се продолжени до 30 јуни 2026 година.
Барселона која ќе започне со преговори за намалување на платите на фудбалерите поради пандемијата на Ковид-19, привлече внимание со тоа што пред овие преговори го продолжи договорот на четворица значајни фудбалски имиња.