Şenhan Bolelli
04 Март 2021•Ажурирај: 05 Март 2021
МАДРИД
Синоќа се одигра реванш-средбата од фудбалското полуфинале од Купот на Кралот во Шпанија. Натпреварот во регуларниот тек заврши со победа на Барселона од 2:0, но бидејќи тоа беше идентичниот резултат со кој Севиља славеше во првиот натпревар, се играа продолженија. Во продолжението Барселона успеа да постигне гол и стана првиот финалист на Купот на Шпанија, известува Агенција Анадолија (АА).
Барселона на оваа реванш-средба поведе со 1:0 во 12. минута со голот што го постигна Усман Дембеле, резултат со кој заврши првото полувреме.
Во второто полувреме Барселона имаше добра одбрана и тимот на Севиља го држеше надвор од шеснаесетте метри, но во 71. минута од натпреварот судијата досуди удар од белата точка за Севиља.
Аргентинецот Лукас Окампус кој се врати на теренот по речиси еден месец пауза откако беше повреден, беше соборен од Оскар Мингуеза во казнениот простор на Барселона. Окампус го изведе ударот од белата точка, но не успеа да го совлада Марк Андре тер Штеген, голманот на Барселона.
И додека се играше судиското продолжение на второто полувреме и сите помислуваа дека Севиља е финалист на Купот на Кралот, во 90.+4. минута Жерард Пике постигна гол со глава и Барселона ја доведе во водство од 2:0, идентичен резултат со кој Севиља победи во првиот меч, поради што се премина на одигрување на продолженија.
Во 90.+2. минута од второто полувреме, Фернандо го доби својот втор жолт картон и ја остави Севиља во продолжението од средбата со играч помалку.
По центар-шутот на Жорди Алба пред голот на Севиља, Мартин Братвајт со глава ја затресе мрежата на гостите во 95. минута од продолжението и ѝ донесе водство на Барселона од 3:0.
Лук де Јонг, кој во 53. минута влезе на теренот од клупата, во 103. минута од натпреварот доби црвен картон и Севиља ја остави со двајца играчи помалку.
Барселона, екипа која најмногу пати (30) го освоила Купот на Кралот и најмногу пати (41) играла во финалето, во последните 10 сезони деветпати беше финалист на овој куп.
Во Барселона, која минува низ тежок период, како од корпоративен, така и од економски аспект, на 7 март ќе се одржат избори на претседателството на клубот.
Во втората реванш-средба од полуфиналето на шпанскиот Куп на Кралот, вечерва со почеток во 21:00 часот се среќаваат Леванте и Атлетико Билбао. Атлетико Билбао во првиот натпревар на домашен терен одигра нерешено, 1:1 против Леванте.