Said İbicioğlu
20 Октомври 2021•Ажурирај: 21 Октомври 2021
ГАЗА (АА) - Во Појасот Газа, кој е под израелска блокада, се одржа турнир во веслање со рибарски чамци, јавува Агенција Анадолија (АА).
На турнирот организиран од Федерацијата за едрење и веслање на Палестина учествуваа 30 натпреварувачи аматери, од кои четири жени.

Махир ел Џемал, тренерот на Федерацијата за едрење и веслање на Палестина, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) рече дека турнирот го организирале со цел да се развијат и заживеат спортовите во Појасот Газа.
Наведувајќи дека на турнирот учествувале десетици аматери, вклучително и рибари, спасувачи на вода и четири жени на возраст над 15 години, Џемал додаде дека за овој спорт се потребни посебни таленти, како и специјални чамци кои не се достапни во Газа.

Toj рече дека на турнирот морале да користат рибарски чамци поради израелската блокада.
Појасот Газа, каде што живеат околу 2 милиони Палестинци, е под блокада на Израел од копно, воздух и море од 2006 година.