Elvir Hocic
03 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
САНКТ ПЕТЕРБУРГ (АА) - Фудбалската селекција на Германија е освојувач на јубилејниот десетти Куп на конфедерациите одигран во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во финалето на Купот на конфедерациите во Русија, на стадионот во Санкт Петербург, силите ги одмерија светскиот првак Германија и јужноамериканскиот првак Чиле. Двете екипи се стремеа да ја освојат првата титула Купот на конфедерациите за својата нација. Искусниот тим на Чиле со просек од 31 и пол година наспроти себе го имаше подмладениот тим на Германија, во чиј список меѓу 23 играчи нема ниту еден постар од 30 години.
Правда на теренот делеше српскиот арбитар Милорад Мажиќ, со што уште еднаш го потврди високиот рејтинг што го ужива во Светската куќа на фудбалот (ФИФА).
Традиционално возбудливиот судир на европските и јужноамериканските тимови подобро го започнаа фудбалерите на Чиле, кои од почетокот на мечот имаа теренска доминација и неколку шанси, но не успеаја тоа да го крунисаат и со резултатска предност.
Меѓутоа, по големата грешка на чилеанската одбрана, Ларс Стиндл постигна гол за предност на Германија. Чилеанците продолжија да доминираат на средината на теренот, но пред крајот на полувремето Германците можеа да ја удвојат предноста по уште една грешка на одбраната.
Во второто полувреме натпреварот беше изедначен, но резултатот не се смени.
Беа забележани и многу остри реакции на традиционално темпераментните Чилеанци и ладнокрвни Германци, но Мажиќ авторитативно ја контролираше ситуацијата на теренот.
Вчера, во Москва, мечот за третото место го играа селекцијата на Португалија и на Мексико, а Португалците по продолжението славеа победа со резултат 2:1.