Денес во Нион се извлекуваат паровите од осминафиналето на УЕФА Лига Европа
Во извлекувањето на паровите од осминафиналето на УЕФА Лига Европа учествуваат Севиља, Салцбург, Ајнтрахт Франкфурт, Виљареал, Динамо Загреб, Зенит, Валенсија, Наполи, Арсенал, Славија Прага, Интер Милан, Краснодар, Бенфика, Рен, Челзи и Динамо КиевBakir Tiro
22 Февруари 2019•Ажурирај: 22 Февруари 2019
НИОН (АА) - Ждрепката за осминафиналето на УЕФА Лига Европа ќе биде одржана денес во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во швајцарскиот град Нион, со почеток во 13:00 часот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во ждрепката на паровите од осминафиналето ќе учествуваат екипите Севиља, Салцбург, Ајнтрахт Франкфурт, Виљареал, Динамо Загреб, Зенит, Валенсија, Наполи, Арсенал, Славија Прага, Интер Милан, Краснодар, Бенфика, Рен, Челзи и Динамо Киев, а честа на Западниот Балкан ќе ја брани хрватскиот претставник Динамо Загреб.
Првите натпревари од осминафиналето на Лига Европа се закажани за 7 март, додека реванш-средбите ќе се одиграат 7 дена подоцна.
Овогодинешното финале на Лига Европа, на 29 мај ќе се игра на Олимпискиот стадион во Баку (Азербејџан).