Erkan Tiryaki
16 Мај 2019•Ажурирај: 19 Мај 2019
ВИТОРИЈА-ГАСТЕИЗ
Фенербахче Беко, Анадолу Ефес од Турција, Реал Мадрид од Шпанија и СЦКА Москва од Русија се учесниците на кошаркарскиот Фајнл фор 2019 кој денес започнува во шпанскиот град Виторија-Гастеиз. Натпреварите ќе се играат во спортската сала, арената „Фернандо Буеса“, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес се играат полуфиналните натпревари, Фенербахче Беко - Анадолу Ефес и ЦСКА Москва - Реал Мадрид, по кои ќе бидат познати учесниците на финалето што се игра на 19 мај (недела).
Поразените ќе играат во борбата за третото место.

Распоредот на натпреварите е следен:
17 мај (петок):
18:00 Фенербахче Беко - Анадолу Ефес
21:00 ЦСКА Москва - Реал Мадрид
19 мај (недела):
17:30 Натпревар за 3. место
20:30 Финале
- Турција ќе има свој учесник во финалето на 19 мај
Екипа од Турција ќе биде учесник во финалето на ТХЈ Евролигата од натпреварувачката 2018/2019 сезона.
Победникот од натпреварот меѓу Фенербахче Беко и Анадолу Ефес ќе ја претставува Турција во финалето закажано за 19 мај.
- Фенербахче Беко има голема предност пред Анадолу Ефес
Утрешниот натпревар меѓу Фенербахче Беко и Анадолу Ефес ќе биде 15. средба меѓу овие два турски кошаркарски клуба во европските натпреварувања. Во досегашните 14 средби Фенербахче извојува 11 победи, а Анадолу Ефес на трипати излезе како побеник.
- По седми пат годинава средба на Фенербахче Беко и Анадолу Ефес
Екипите на Фенербахче Беко и Анадолу Ефес по седми пат ќе бидат противници оваа сезона.
Тие се сретнаа на двапати во турското првенство и во ТХЈ Евролигата, а по еднаш во Купот на Турција и Претседателскиот куп.
Во претходните шест средби, и двете екипи извојуваа по три победи.
- Проблеми со повреди во Фенербахче
Фенербахче Беко на Фајнл фор дојде со големи проблеми. Сино-жолтиот дрес поради повреди нема да го облечат францускиот кошаркар Жофре Ловерњ и Италијанецот Луиџи Датоме.
Сѐ уште не е познато дали повредениот Чех Јан Весели и Србинот Никола Калиниќ ќе можат да настапат на Фајнл фор. Нивното играње или евентуално неиграње ќе се знае по последниот тренинг.
- ЦСКА Москва и Реал Мадрид по третпат ќе се сретнат во Фајнл фор
По третпат едноподруго ЦСКА Москва и Реал Мадрид ќе се сретнат во Фајнл фор натпреварувањето на ТХЈ Евролигата.
Во 2016/2017 година на Фајнл фор турнирот во Истанбул, во натпревар за третото место, ЦСКА Москва успеа да го совлада Реал Мадрид со 94:70.
Минатата сезона во Белград се сретнаа по вторпат, а во полуфиналето поуспешен беше Реал Мадрид, кој победи со 92:83, по што во финалето стигна до шампионската титула, совладувајќи го Фенербахче.
Ова е 25. средба во ТХЈ Евролигата меѓу екипите на ЦСКА Москва и Реал Мадрид. Рускиот претставник има значително водство, со 17 победи во досегашните 24 средби. Во регуларниот дел од сезоната, ЦСКА успеа на двапати да го совлада Реал Мадрид.