Oktaj Omeragikj
30 Март 2021•Ажурирај: 30 Март 2021
СКОПЈЕ
Денес започнуваат натпреварите од третото коло на европските квалификации за учество на Светското фудбалско првенство ФИФА 2022, што ќе се одржи во Катар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Денес на програмата се 10 натпревари од 3-тото коло на европските квалификации за учество на ФИФА 2022. Во групата Г, репрезентација на Турција, која во првите две кола извојува победи против Холандија и Норвешка, денес на домашен терен ја пречекува репрезентацијата на Летонија. Во истата група Холандија му гостува на Гибралтар, а Црна Гора на домашен терен ја пречекува Норвешка.
Во групата Е, репрезентацијата на Белгија на домашен терен се среќава со Белорусија, а тимот на Чешка му гостува на Велс.
Утре се играат преостанатите 15 натпревари од европските квалификации за учество на ФИФА 2022. Репрезентацијата на Северна Македонија во рамките на групата Ј ѝ гостува на Германија. Натпреварот започнува во 20:45 часот. Во истата група ќе се сретнат Ерменија - Романија и Лихтенштајн - Исланд.
Во групата Д, Босна и Херцеговина на домашен терен го пречекува актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Франција. Натпреварот е закажан за 20:45 часот.
Денес на програмата се натпреварите:
18:00 Азербејџан - Србија
18:00 Кипар (грчки дел) - Словенија
20:45 Велс - Чешка
20:45 Гибралтар - Холандија
20:45 Словачка - Русија
20:45 Луксембург - Португалија
20:45 Белгија - Белорусија
20:45 Хрватска - Малта
20:45 Турција - Летонија
20:45 Црна Гора - Норвешка.
Утре (31 март) се играат средбите:
18:00 Ерменија - Романија
20:45 Шпанија - Косово
20:45 Англија - Полска
20:45 Андора - Унгарија
20:45 Босна и Херцеговина - Франција
20:45 Австрија - Данска
20:45 Шкотска - Фарски Острови
20:45 Литванија - Италија
20:45 Украина - Казахстан
20:45 Грција - Грузија
20:45 Северна Ирска - Бугарија
20:45 Молдавија - Израел
20:45 Сан Марино - Албанија
20:45 Германија - Северна Македонија
20:45 Лихтенштајн - Исланд.