Oktaj Omeragikj
17 Јуни 2021•Ажурирај: 17 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Денеска се играат три натпревари во рамките на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020, известува Агенција Анадолија (АА).
Седмиот ден од натпреварите по групи на ЕВРО 2020 се играат три натпревари.
- Група Ц
Во групата Ц се среќаваат репрезентациите на Украина и на Северна Македонија. Натпреварот започнува во 15:00 часот и ќе се игра на Стадионот „Национална арена“ во Букурешт, главниот град на Романија.
Досега овие две репрезентации се сретнале четирипати. Украина извојува победа на два натпревари, еден натпревар заврши без победник, а Северна Македонија победи на една средба.
Во групата Ц денеска се игра уште еден натпревар во кој се среќаваат репрезентациите на Холандија и Австрија. Средбата се игра на Стадионот „Јохан Кројф арена“ во Амстердам, со почеток во 21:00 часот.
Овие две репрезентации досега имаат одиграно 18 меѓусебни натпревари. Холандија победи осумпати, четири натпревари завршија нерешено, а Австрија успеа да победи шестпати.
- Група Б
Третиот натпревар што ќе се игра денеска е меѓу репрезентациите на Данска и Белгија во групата Б. Овој дуел ќе се игра на Стадионот „Паркен“ во Копенхаген, Данска, со почеток во 18:00 часот.
Репрезентациите на Данска и Белгија досега имаат одиграно 15 меѓусебни средби. И двете репрезентации имаат извојувано по шест победи, а три средби завршиле без победник.
- Италија ја совлада Швајцарија, Велс подобар од Турција
Вчера се одиграа три натпревари од групната фаза на ЕВРО 2020 во фудбал.
Во 15:00 часот се одигра натпреварот меѓу репрезентациите на Финска и Русија. Русија извојува победа од 1:0 благодарение на погодокот што Алексеј Миранчук го постигна во судиското продолжение на првото полувреме во 45.+2. минута.
На втората средба што се одигра вчера настапија репрезентациите на Турција и Велс. Велшаните извојуваа победа од 2:0, а погодоците ги постигнаа Арон Ремзи во 42. минута и Конор Робертс во 90.+5. минута. Герет Бејл во 61. минута од средбата го промаши ударот од белата точка.
Дуелот меѓу репрезентациите на Италија и Австрија се одигра во 21:00 часот. Италија ја совлада Австрија со 3:0, а головите за Азурите ги постигнаа Мануел Локатели во 26. и 52. минута и Чиро Имобиле во 89. минута од средбата.