Oktaj Omeragikj
21 Октомври 2021•Ажурирај: 21 Октомври 2021
СКОПЈЕ
Денеска на програмата се преостанатите натпревари од 3. коло во УЕФА Лига Европа, известува Агенција Анадолија (АА).
Во второто по важност фудбалско клупско натпреварување во Европа, УЕФА Лига Европа, денеска се играат преостанатите 14 натпревари. Во вторникот Селтик со 2:0 како домаќин го совлада Ференцварош, а синоќа Спартак Москва на домашен терен загуби од Лестер Сити со 3:4. Лестер Сити до победата дојде по пресвртот што се случи благодарение на 4 погодоци на Патсон Дака.
Иако Спартак Москва водеше со 2:0 по головите на Соболев во 11. минута и Ларсон во 44. минута, Дака со своите 4 погодоци постигнати во 45., 48., 54. и 78. минута, му донесе победа на Лестер Сити. Во 86. минута Сополев го постигна својот втор погодок и го намали резултатот на 3:4, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот на домашен терен од Лестер Сити.
Денеска со почеток во 18:45 и 21:00 часот се играат преостанатите 14 натпревари од 3. коло во УЕФА Лига Европа. Се среќаваат:
18:45 Рапид Виена - Динамо Загреб
18:45 Реал Бетис - Баер Леверкузен
18:45 Лацио - Марсеј
18:45 Фенербахче - Антверпен
18:45 Лудогорец - Брага
18:45 Мидтјиланд - Црвена Ѕвезда
21:00 Спарта Прага - Лион
21:00 Штурм - Реал Сосиедад
21:00 Вест Хем -Генк
21:00 Локомотив Москва - Галатасарај
21:00 Наполи - Легија Варшава
21:00 ПСВ - Монако
21:00 Ренџерс - Брондби
21:00 Ајнтрахт Франкфурт - Олимпијакос