Kemal Zorlak
23 Септември 2022•Ажурирај: 23 Септември 2022
СКОПЈЕ ‒ Фудбалската репрезентација на Хрватска синоќа славеше на „Максимир“ против селекцијата на Данска со резултат 2:1, во петтото коло на Лигата на нации. Репрезентацијата на Туркије одигра нерешено, 3:3 против селекцијата на Луксембург, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 10 натпревари во рамките на петтото коло на УЕФА Лигата на нации.
Репрезентацијата на Хрватска на домашен терен ја пречека селекцијата на Данска на стадионот „Максимир“ во Загреб во натпревар од петтото, претпоследно коло од групата 1 во Лигата А на УЕФА Лигата на нации.
Хрватска поведе со 1:0 во 49. минута од средбата со погодокот на Борна Соса. Данска израмни на 1:1 во 77. минута преку Кристијан Ериксен. На Хрватите им беа потребни две минути за повторно да го преземат водството. Овој пат голот за домаќините го постигна Ловро Мајер, кој го постави и конечниот резултат и победа на Хрватска од 2:1.

Репрезентацијата на Туркије на стадионот „Башакшехир Фатих Терим“ ја пречека селекцијата на Луксембург во рамките на петтото коло од групата 5 во Лигата Ц на УЕФА Лигата на нации. Гостите поведоа со голот на Мартин Мартинс во 8. минута од натпреварот. Туркије израмни во 16. минута со погодок од пенал, а прецизен од белата точка беше Џенгиз Ундер.
Луксембург повторно поведе во 37. минута, овој пат преку Данел Синани. Славењето на селекцијата на траеше долго, бидејќи две минути подоцна Максим Шано ја затресе сопствената мрежа и Туркије изедначи на 2:2.
Гостите од Луксембург повторно прејдоа во водство од 3:2 во 69. минута од натпреварот со голот на Жерсон Родригес. Следуваше голем притисок на репрезентацијата на Туркије, кој вроди со плод во 87. минута од средбата. Изедначувачкиот погодок за Туркије го постигна Исмаил Јуксек, поставувајќи го конечниот резултат на средбата, 3:3.
Резултати од средбите што синоќа се одиграа во рамките на петтото коло на УЕФА Лигата на нации:
Франција ‒ Австрија 2:0
Белгија ‒ Велс 2:1
Полска ‒ Холандија 0:2
Литванија ‒ Фарски Острови 1:1
Казахстан ‒ Белорусија 2:1
Словачка ‒ Азербејџан 2:1
Латвија ‒ Молдавија 1:2
Лихтенштајн ‒ Андора 0:2
Селекцијата на Северна Македонија во рамките на 5-тото коло на Лигата на нации и гостува во Грузија. Денес на програмата се 7 натпревари. Се среќаваат:
18:00 Естонија - Малта
18:00 Грузија - Северна Македонија
20:45 Германија - Унгарија
20:45 Босна и Херцеговина - Црна Гора
20:45 Италија - Англија
20:45 Финска - Романија
20:45 Бугарија - Гибралтар