АНКАРА (АА) - ДОГА КИРМИЗИОГЛУ -
Денеска започнува Лигата на шампиони на УЕФА, елитното клупско европско натпреварување, во кое за титулата ќе се борат вкупно 32 клуба, распоредени во осум групи, пишува Anadolu Agency (AA).
Лигата на шампиони ја носи најголема возбуда кај љубителите на фудбалот во Европа и светот. Благодарејќи на квалификацискиот систем, европската куќа на фудбалот, УЕФА, им овозможи и на клубовите од помалите земји да дојдат во можност да играат со европските великани кои имаат повеќемилионски буџети.
Вкупната пазарна вредност на играчкиот кадар на 32 учесници во групната фаза на Лигата на шампиони изнесува речиси 14 милијарди евра, поточно 13.816.200.000 евра.
Најскапиот тим е каталонската Барселона чии играчи, според германскиот портал „trasfermarkt“, на пазарот вредат 1,14 милијарди евра.
На второ место е англискиот тим Манчестер сити со играчи „тешки“ 1,06 милијарди евра. Најтрофејниот европски клуб со 13 титули на витрините во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, е третиот највреден тим оваа сезона со играчи од 969 милиони евра.
Клубови кои во групната фаза се натпреваруваат со најевтин играчи кадар се српската Црвена ѕвезда со 43,9 милиони евра, грчкиот АЕК чии играчи вредат 38,4 милиони и чешката Викторија од П’лзењ со само 30,35 милиони евра.
Табеларен приказ на пазарната вредност на играчите во клубовите:
Тим | Држава | Вредност во милиони евра | |
1 | Барселона | Шпанија | 1,140 |
2 | Манчестер сити | Англија | 1,060 |
3 | Реал Мадрид | Шпанија | 969 |
4 | Ливерпул | Англија | 876 |
5 | Манчестер јунајтед | Англија | 855 |
6 | Тотенхем | Англија | 830,5 |
7 | Баерн | Германија | 827,8 |
8 | Париз Сен Жермен | Франција | 816,5 |
9 | Атлетико Мадрид | Шпанија | 807 |
1 | Јувентус | Италија | 768,5 |
11 | Интер | Италија | 550,6 |
12 | Наполи | Италија | 489 |
13 | Валенсија | Шпанија | 424 |
14 | Борусија Дортмунд | Германија | 412,3 |
15 | Рома | Италија | 369,2 |
16 | Олимпик Лион | Франција | 338,75 |
17 | Монако | Франција | 297,65 |
18 | Шалке 04 | Германија | 256,4 |
19 | Бенфика | Португалија | 243,4 |
20 | Порто | Португалија | 239 |
21 | Ајакс | Холандија | 225,25 |
22 | Хофенхајм | Германија | 214,85 |
23 | ПСВ | Холандија | 131,35 |
24 | Локомотив Москва | Русија | 110 |
25 | Шахтар Доњецк | Украина | 103 |
26 | Галатасарај | Турција | 96,65 |
27 | ЦСКА Москва | Русија | 92,95 |
28 | Клуб Бруж | Белгија | 92,80 |
29 | Јанг бојс | Швајцарија | 66,1 |
30 | Црвена ѕвезда | Србија | 43,9 |
31 | АЕК | Грција | 38,4 |
32 | Викторија П’лзењ | Чешка | 30,35 |
Во групата А ќе настапат Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Монако и Клуб Бриж чии играчи заеднo вредат 1,61 милијарда евра.
Во групата Б се Барселона, Тотенхем, Интер и ПСВ кои вредат 2,652 милијарди евра.
Во групата Ц со играчки кадар вреден 2,225 милијарди евра играат ПСЖ, Наполи, Ливерпул и Црвена ѕвезда.
Групата Д ја сочинуваат Галатасарај, Локомотив, Порто и Шалке 04, и со играчки кадар од 702 милиони евра тоа е „најлесната“ група.
Баерн, Бенфика, Ајакс и АЕК ја сочинуваат групата Е и нивните играчи вредат 1,334 милијарди евра.
Манчестер сити, Шахтар, Олимпик и Хофенхајм во групата Ф имаат играчки кадар „тежок“ 1,716 милијарди евра.
Реал Мадрид, Рома, ЦСКА и Викторија се во групата Г, а нивниот играчки кадар вреди 1,461 милијарда евра.
Во последната група Х се Јувентус, Манчестер јунатед, Валенсија и Јанг бојс чии играчи вредат 2,113 милијарди евра.
Аргентинецот во дресот на Барселона, Лионел Меси, и Бразилецот Нејмар од ПСЖ, на пазарот вредат по 180 милиони евра и се најскапи учесници во Лигата на шампиони.
Третото место со вредност од по 150 милиони евра го делат Мухамед Салах од Ливерпул, Килијан Мбапе од ПСЖ, Хари Кејн од Тотенхем и Кевин де Бројне од Манчестер сити.
Меси, Нејмар, Салах, Мбапе, Кејн и Де Бројне подеднакво вредат повеќе од целиот играчки кадар од дури десет клуба кои играат во Лигата на шампиони.
news_share_descriptionsubscription_contact


