Selçuk Buğra Gökalp
12 Февруари 2025•Ажурирај: 14 Февруари 2025
АНКАРА (АА) – Кошаркарот на Феникс Санс, Кевин Дурант, денес стана осмиот играч во историјата на НБА што надминал 30.000 поени, јавува Анадолу.
Дурант постигна 34 поени против Мемфис Гризлис, но неговиот тим загуби со 119:112 на домашен терен во „Футпринт центарот“.
„Навистина е чест да бидам во иста категорија со играчите кои помогнаа да се обликува и продолжи оваа игра“, изјави 36-годишниот кошаркар.
„Секогаш ми била целта да го извлечам најдоброто од себе секој ден, да го извлечам максимумот од мојата кариера. Да бидам споменат со овие играчи, тогаш сигурно правам нешто како што треба“, додаде Дурант.
Останатите НБА-ѕвезди кои надминаа 30.000 поени во НБА се Леброн Џејмс (41.623), Карим Абдул-Џабар (38.387), Карл Мелоун (36.928), Коби Брајант (33.643), Мајкл Џордан (32.292), Дирк Новицки (31.560) и Вилт Чамберлејн (31.419).